Паника во Скијатос:: Туристи ги „ограбуваат“ плажите
Во последните сончеви летни денови се води интензивна кампања туристите да не ја ограбуваат природната убавина на плажите во заливот на грчкиот остров Скијатос, каде што се повеќе полираните камчиња во нечии џебови како сувенири, па активисти се принудени да преземат драстични мерки.
Оваа недела осамна голем контејнер со натпис "кутија за враќање на камчиња од плажата Лаларија" на аеродромот, од каде што си заминуваат странските посетители со мермерните камчиња.
"На нашата плажа навистина немаше лизгање на карпи, или друга можност за несреќа, но човечките раце ја уништуваат оваа природна убавина со алармантни стапки", велат активистите.
Порадите ограбувањето на камења, значајни делови од плажата исчезнуваат. Кутиите на чесност, како што се нарекуваат контејнери, доаѓаат по веста дека парични казни до илјада евра ќе следуваат за туристите фатени со познатите камења. Исто така, постери се поставени каде што на туристите им се препорачува да се фотографираат и да не земаат камења од плажата.
