ПАНИКА ВО ЕУ: Меркел подготвена да и допушти излез на Грција од еврозоната
Германската канцеларка е подготвена да ја пушти Грција да ја напушти еврозоната доколку радикалната левица ја доведе во прашање политиката на буџетското штедење во земјата, пишува денеска „Шпигел“.
Германската влада смета дека е неизбежно Грција да излезе од евро зоната доколку водачот на опозицијата Алексис Ципрас (радикалната левица Сириза) ќе ја води владата после изборите, и се откаже од политичкото буџетско штедење и престане да ги отплатува долговите на земјата“, пишува весникот повикувајќи се на извори блиски на германската влада.
Ангела Меркел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле го промениле мислењето и сега сметаат дека е подносливо една зејма да излезе од групата земји со заедничка европска валута поради напредок на оствареното во еврозонта од врвот на кризата од 2012 пишува весникот.
