ПАНИКА ОД ЕБОЛА: Лица со скафандери кај „Мавровка“, турист – сомнителен за опасниот вирус?
Здравствените институции се на нозе. Возила на Брза помош и лица со скафандери доцна попладнево се околу трговскиот центар „Мавровка“. Министерството за здравство најави итна пресконференција која треба да започне секој момент.
Според неофицијални информации, паниката започнала кога на турист најверојатно од Велика Британија му се слошило кај „Мавровка“. Тој бил префрлен на Инфективната клиника и починал со симптоми слични на ебола.
Специјални медицински тимови ги проверуваат сите лица кои биле во контакт со туристот.
Итна дезинфекција се врши и на Клиниката, каде влезот од попладнево е строго забранет.
Слично
