Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паника на аеродромот „Никола Тесла“, принудно спуштен авион на „Герман вингс“

Паника на аеродромот „Никола Тесла“, принудно спуштен авион на „Герман вингс“

Авион на компанијата „Герман вингс“ мораше принудно да слета на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ поради чад во кокпитот којшто настанал поради проблем со вентилацијата во ситемот за климатизација.

„Авион на германската компанија ‘Герман винг’ со 149 патници и петмина членови на екипажот, којшто сообраќал на релација Родос-Келн, непланирано слета на белградскиот аеродром денеска околу 10,30 часот поради чад во кокпитот“, потврдиле за весникот од белградскиот аеродром.

На терен интервенирале сите надлежни служби на аеродром вклучувајќи и протипожарна служба, која по детален преглед на леталото утврдила дека нема пожар. Според процедурата сите патници со автобуси се пренесени до аеродромската зграда, па по отстранување на дефектот се очекува леталото да се најде пак во воздух.

Слично

Поврзани вести