ПАНИКА ЈА ТРЕСЕ АМЕРИКА: Што се случува со инфлацијата
Во декември 2021 година, растот на потрошувачките цени во Соединетите држави достигна највисоко ниво од година во година во речиси 40 години, што ги поддржува очекувањата дека Федералните резерви ќе почнат да ги зголемуваат каматните стапки во март.
Инфлацијата во САД се зголеми за 0,5 отсто на месечна основа во декември, откако во ноември порасна за 0,8 отсто, соопшти Министерството за труд.
Во споредба со декември 2020 година, потрошувачките цени во САД се зголемија за седум отсто минатиот месец, што е највисока стапка на годишно ниво од јуни 1982 година, пренесува Ројтерс.
Стапката на инфлација е далеку над целта на ФЕД од два отсто. Зголемените цени, предизвикани од прекините во синџирите на снабдување, вршат зголемен притисок врз платите. Американската влада минатиот петок објави дека стапката на невработеност паднала на 3,9 отсто во декември, што е најниско ниво во последните 22 месеци, што укажува дека пазарот на труд е блиску до максималната вработеност. Претседателот на ФЕД, Џером Пауел, изјави во вторникот дека американската централна банка е подготвена да направи се што е потребно за да спречи „да се вкорени“ високата инфлација.
Пазарите на пари во моментов даваат 85 отсто шанси за зголемување на референтната каматна стапка на ФЕД до март и се обложуваат на вкупно најмалку три покачувања на каматните стапки од по 0,25 отсто до крајот на годината.
