Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Пандорините документи“ го открија скриеното богатство на познати политичари

„Пандорините документи“ го открија скриеното богатство на познати политичари

Од „Пандорините документи“ протекоа глобални корупциски зделки на познати личности. 

Меѓу најзвучните имиња е сокриеното богатство на претседателот на Азербејџан Илхам Алијев и неговото семејство. Светски лидери, политичари, поп-ѕвезди се меѓу илјадници индивидуалци кои префрлале голем дел од богатствата преку мрежи на анонимни компании. Документите познати како „Пандорини документи“ протекоа во неделата каде најмалку 12 милиони документи од архивите на неколку правни фирми, фрлија светлина врз „оф шор“ компаниите.  Кралот Абдула Втори од Јордан има тајни недвижнини во САД и Британија во вредност од над 100 милиони долари, користејќи оф-шор компании на Карибите и британските Девствени острови. Министри со семејства во Кабинетот на премиерот на Пакистан Имран Кан поседуваат милиони долари во земји кои важат за места каде се можно даночни затајувања. 

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и неговиот син Блажо потпишале тајни договори за управување со средства во 2012 година, криејќи се зад мрежа на компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар, се вели во соопштението на истражувачкиот центар МАНС, кој учествуваше во глобалната истрага за таканаречените Пандора документи.

Како што се наведува понатаму, синот на претседателот на Црна Гора ја искористил структурата за да формира две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

Слично

Поврзани вести