Пандемијата затвори 22 милиони работни места во развиените држави
Пандемијата „удри“ по работните места. Поради коронавирусот затворени се 22 милиони работни места во развиените земји.
Податокот го соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Но, владините програми за вработување, реализирани во текот на кризата со коронавирусот, зачувале околу 21 милион работни места. Сепак, богатите нации се соочуваат со закана од долгорочен пораст на стапката на невработеност, затоа што на многу неквалификувани работници, кои беа раселени поради пандемијата, им е тешко да најдат ново вработување, јави Си Ен Би Си. Нормализирање на состојбата се оечкува до третиот квартал на 2023 година. Милиони луѓе во светот поради пандемијата се соочија со екстремна сиромаштија.
foto freepik
