Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пандемијата трајно ќе ја промени светската економија - има ли решение?

Пандемијата трајно ќе ја промени светската економија - има ли решение?

Ковид - 19 трајно ќе ја промени светската економија. 

Си-Ен-Ен пишува дека следењето на вирусот веројатно ќе стане дел од нашите животи, како што беа безбедносните мерки по нападите од 11 септември. 

Треба да се инвестира во потребната инфраструктура за откривање на идните вирусни епидемии. 

Оваа инвестиција ќе ја заштити економијата ако се покаже дека заштитата од коронавирусот е привремена.

Многу економии за време на пандемијата усвоија верзии за работа со скратено работно време. Работниците со тоа остануваат вработени и платени, а владата го компензира недостатокот на плати. 

Работата на далечина ќе стане почеста и постојат докази дека работењето од дома е  продуктивно како и работењето во канцеларија.

Си-Ен-Ен заклучува дека светот е многу посилен кога е пообединет отколку поделен. 

Во светот има 16.5 милиони заразени од коронавирусот.

Слично

Поврзани вести