ПАНДЕМИЈАТА СИ ГО НАПРАВИ СВОЕТО: Затворени вратите за работа во Германија и Австрија
Пандемијата на коронавирусот ја намали потребата од балкански работници во Германија и Австрија.
Појавата на вирусот влијаеше практично на сите области, сите популации и сите активности што првенствено се засноваа на мобилност во работата, социјални и работни контакти, пишува „Спутник“.
Намалувањето на работата, производството, продажбата и други слични активности во услови на криза кога приходите, добивката и финансиските акумулации не се во рамките на очекуваната, планираната или веќе навикната рамка за управување, резултираат со голем број отпуштања.
Корона-кризата ја предизвика најголемата рецесија во Германија по Втората светска војна. Таа воедно доведе до раст на стапката на невработеност од 0,7 на 5,7 отсто.
Во Австрија расте стапката на невработеност и тоа во повисок процент отколку во Германија.
Расте и бројот на Германци кои работат со скратено работно време.Во земјата 7,3 милиони луѓе работеле со скратено работно време во мај, објави економскиот институт ИФО.
