Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНДЕМИЈАТА ДОНЕСЕ ГЛАД: Meсечно умираат по 10.000 деца

ПАНДЕМИЈАТА ДОНЕСЕ ГЛАД: Meсечно умираат по 10.000 деца

Во светот 10.000 деца месечно умираат од глад поради пандемијата. 

Со ваков податок излегоа од Обединетите нации. 

Ова е резултат на ограничувањата наметнати како мерки против ширење на коронавирусот. 

Најмалку 550.000 деца се неухранети секој месец. 

Светската здравствена организација, УНИЦЕФ, Светската програма за храна и Организацијата за храна и земјоделство веднаш побараа најмалку 2,4 милијарди американски долари за  надминување на глобалниот глад. 

Најкритично е во Авганистан, Јемен или Судан, каде со години има конфликти. 

Околу девет отсто од луѓето во светот гладуваат, а пандемијата на коронавирус ќе го зголеми гладот ​​оваа година, стои во извештајот на ОН. 

Поради пандемијата 60 милиони луѓе во светот ќе бидат екстремно сиромашни. 

Слично

Поврзани вести