Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАНДЕМИЈА И ЕКОНОМИЈА: Бавно опоравување, но има надеж

ПАНДЕМИЈА И ЕКОНОМИЈА: Бавно опоравување, но има надеж

На светот ќе му треба многу време додека да се опорави економски од пандемијата на коронавирусот. Светската економија годинава ќе се намали за 4,2 проценти. 

„За првпат од почетокот на пандемијата, има надеж за подобра иднина“, изјави главниот економист на ОЕЦД, Лоренс Бун во новата прогноза за економскиот развој на Организацијата за економска соработка и развој. 

Кина, земјата од каде почна да се шири вирусот, нема да има пад на Македонија. 

Германија економски подобро стои од просекот на ЕУ. 

Очекувањата на ОЕЦД за глобалната рецесија оваа година приближно се совпаѓаат со прогнозата дадена од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оваа есен. 

Но, пандемијата придонесе многу луѓе да живеат во екстремна сиромаштија. За разлика од лани сега има многу повеќе загрозени. Бројот на луѓе во светот на кои им е потребна хуманитарна помош за да преживеат достигна нов рекорд, соопшти ООН. На едно од 33 лица ќе му биде потребна помош за да ги задоволи основните потреби како што се храна, вода и санитарни услови во 2021 година. Тоа  е скок за 40 проценти оваа година.

На 235 милиони луѓе ширум светот им е потребна помош, претежно во Сирија, Јемен, Авганистан, Демократска Република Конго и Етиопија.

Слично

Поврзани вести