Панда снег на брегот на Црното Море во Турција
Падна снег во Турција. Побелеа неколку турски провинции на брегот на Црното Море. Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на земјата. Како што објави ТВ каналот АХабер, минатата недела во оваа област температурата достигна 30 степени Целзиусови.
Снег има во голем број високопланински села во провинциите Ардахан, Ризе и Болу, а популарен скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, е исто така покриен со снег, објави Си-Ен-Ен Турк. Вакво нешто ретко се случува.
Слично
