Економија, финансии, бизнис

Контакт

Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа - дете подметнувало пожари

Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа - дете подметнувало пожари

Дете кое имало само 10 години подметнувало пожари на грчкиот остров Лезбос, затоа што сакало да гледа како работат пожарникарите. 

Полицијата го приведе детето, кое признало дека ги палело дрвјата во областа Агија Киријаки.

„Палев затоа што сакам да ги гледам пожарникарите на работа“, изјавило момчето, пренесуваат грчките медиуми.

Против детето е поведена постапка. Не е познато што се случило со родителите на момчето.

Летово во Грција имаше големи шумски пожари, а деновиве гореше и на островот Тасос. Ова лето пожари беснееја во Словенија, Црна Гора, Франција, Шпанија, Турција. 

Слично

Поврзани вести