Пакистанци се обиделе да силуваат девојче во Суботица
Двајца државјани на Пакистан сместени во прифатен центар во српскиот град Суботица, деновиве нападнале малолетно девојче и се обиделе да го силуваат, објавија српските медиуми.
Девојчето го спасил случаен минувач, а полицијата веднаш ги пронашла осомничените кои што завршиле во притвор. Против нив е поднесена кривична пријава и како што пренесуваат српските медиуми, ќе бидат сослушани во основното јавно обвинителство. Во Суботица, мигранти кон крајот на август физички нападнале две 16-годишни момчиња кои што се обидувале да им најдат место да преноќат.
Најмногу инциденти во Србија, дури 26 во последните два месеци имало во местото Шид во близина на границата со Хрватска. Таму српските власти имаат отворено прифатен центар за мигрантите и таму се згрижени голем број на мигранти од Сирија, Ирак и Пакистан.
Граѓаните од тоа место на почетокот на септември покренаа иницијатива за преместување на бегалците во други прифатни центри подалеку од нив.
Според последните официјални податоци, во Србија моментално има околу 7.000 бегалци кои што останаа „заглавени“ на својот пат кон Западна Европа.
