Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пакетот на ЕЦБ ќе биде тежок дури 550 милијарди евра

Пакетот на ЕЦБ ќе биде тежок дури 550 милијарди евра

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги веројатно оваа недела ќе најави програм за откуп на државните обврзници од  550 милијарди евра, проценуваат економисти во анкетата на Блумберг.

Најавата на програмот на квантитативното олабавување, на состанокот на Европската централна банка во четвртокот, 22 јануари, ќе биде најголемата досега иницијатива на Драги во рамки на настоојувањето да ја одбрани еврозоната од дефлација, според мислењето на 93 одсто од аналитичарите на Блумберговата анкета.

На конференцијата за новинари, која ќе биде одржана после заседанието на Управниот одбор на ЕЦБ , целта на претседателот Марио ќе биде да ги убеди инвеститорите дека неговата стратегија е доволно голема и силна да ја оживее слабата економија во еврозоната.

„Пазарните очекувања засега се многу добри. Не би требало да има разочарувања, а во наредниот чекор на ЕЦБ би требало да биде продорен и долготраен“,вели раководителот на истражувањата на италијанската компанија „Kredito Valtelineze“ Атилио Берини.

   
Слично

Поврзани вести