Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАКЕТОТ МЕРКИ ТЕЖИ 400 МИЛИОНИ ЕВРА: Се собираат понуди за еврообврзница

ПАКЕТОТ МЕРКИ ТЕЖИ 400 МИЛИОНИ ЕВРА: Се собираат понуди за еврообврзница

Сетот мерки кои го презентираше денеска Владата ќе тежи 400 милиони евра, соопшти министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој објасни дека 90 милиони евра се пари кои се дел од некои откажани приходи откакко Владата се откажа од дел од ДДВ и од акцизите. Согласно мерките за намалување на ценовниот шок усвоени на Владата, за 1,2 и 4 денари ќе се намали акцизата за берзанските цени за горивата, и ДДВ-то за  промет на енергенси од 18 на 10 проценти, што ќе доведе до пониска цена на горивата за крајниот потрошувач и тоа за 10,5 денари помалку за дизелот и 11,5 денари би поевтинил бензинот. Владата го намали ДДВ од 5 на 0 проценти за основните продукти.

Бесими појасни дека останатите 310 милиони евра се директни фискални расходи, но дека со поддршката за компаниите која е предвидена преку Развојната банка во економијата се очекуваат да се вратат и повеќе пари односно повратот да е до 500 милиони евра.

Инаку Владата планира годинава да издаде нова еврообврзница, а Бесими рече дека се собираат понудите за да се обезбедат најповолните услови. Додаде дека буџетот е ликвиден, има резерви и приходите се реализираат согласно планот.

Додаде дека ребаланс на буџетот ќе има кога ќе биде потребно. 


Слично

Поврзани вести