Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАК КРЕВААТ ГЛАС: Што спрема Студентски пленум вечерва пред УКИМ?

ПАК КРЕВААТ ГЛАС: Што спрема Студентски пленум вечерва пред УКИМ?

Студентите од Студентскиот пленум за вечерва пред Платото на УКИМ најавија масовен собир.

Тие повикуваат на борба за легални студентски претставници и претстојниот избор на истите и по тој повод вечерва на генералниот пленум ќе дискутираат за чекорите кои ќе ги превземат за легитимни и легални избори на студентски претставници.

Во најавата на Фејсбук студентите велат дека дошол моментот кога повторно треба да го кренат гласот и на корумпираното студентско организирање да му кажат доста и се бунат против легитимноста и одржувањето во овој период на овие избори.

„Да не дозволиме повеќе ниту еден денар од студентскиот џеб да се влее во корумпираните студентски кругови! Да не дозволиме ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ за продолжување на студентскиот ланец кој одлучува во име на личен интерес, место во ИНТЕРЕС НА СТУДЕНТИТЕ! Ве повикуваме сите вие кои сакате да се вклучите во борбата за ЛЕГИТИМНИ, ЛЕГАЛНИ, ПОСВЕТЕНИ СТУДЕНТСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ, избрани кога студентите се во факултетските клупи, НАМЕСТО НАСИЛНИЧКИ, дојдете во Вторник (21.06.2016) во 19 часот на Платото на УКИМ!“, стои во повикот на Студентскиот пленум.

Изборите за гласање за нов претседател на СПУКМ се закажани за 30 јуни, а за претседателската функција ќе се борат двајцата студенти Стефан Василевски и  Давор Поповски.

Слично

Поврзани вести