Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пајет: Веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат името

Пајет: Веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат името

Веруваме дека е направен голем напредок во преговорите и се надеваме дека овој напредок ќе може да се задржи, но времето ќе покаже, изјави американскиот амбасадор во Грција Џефри Пајет, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Тој повторил дека САД ги поддржуваат напорите за изнаоѓање решение и од Метју Нимиц, но и од премиерите и министрите за надворешни работи на двете земји.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Пајет говорел на настан во Солун пред дипломираните студенти на американските универзитети, а одговарајќи на прашања од публиката ги споменал и разговорите меѓу Македонија и Грција.  

„Ние силно веруваме дека е во интерес и на двете земји да го решат ова прашање, по толку долго време, а исто така, признаваме дека единствено одржливо решение ќе биде она што ќе го поддржат демократски избраните Влади на двете земји”- рекол амбасадорот. 

Тој  додал дека американската страна има голема доверба во духот што во преговорите го даваат грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас и премиерот, Алексис Ципрас.

Слично

Поврзани вести