Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пахор е против промена на границите на Балканот, за нон пејперот вели дека не знае ништо

Пахор е против промена на границите на Балканот, за нон пејперот вели дека не знае ништо

Не знам ништо за нон-пејперот, ама сум против промена на границите, вели словенечкиот претседател Борут Пахор. 

Тој денеска ја отфрли идејата за промена на границите на државите од поранешна СФРЈ и додаде дека го поддржува проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Пахор на прес-конференцијата рече дека не знае за нон-пејперот и дека за тоа не разговарал со премиерот Јанез Јанша. Тој оцени дека проширувањето на ЕУ е прашање на време, а не само политичка волја.

„Како претседател на Републиката, јас ја посетив БиХ седум пати. За време на последната посета, ниту пред ниту после, не бев запознаен со никакви неофицијални документи. Јас силно се спротивставувам на идејата за конечно распаѓање на Југославија и промена на границите“, рече словенечкиот претседател.

Вели дека мирен процес на промена на границите на Западен Балкан не е можен.

Државниот секретар за Европа во германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот вели дека цртањето нови граници на Балканот е опасно. 

Во Словенија е објавен нон пејперот на премиерот Јанес Јанша, иако тој негираше дека постои таков документ. Словенечки портал „Нецензурирано“ го објави овој нон пејпер. 

Документот именуван како  „Западен Балкан - патот напред“ е примен во кабинетот на претседателот на европскиот совет Шарл Мишел во февруари, тврди словечечкиот портал, но истиот бил одбиен од Мишел.

Според содржината нон-пејперот сегашната ситуација на просторот на бивша Југославија покажува дека за Србија и Косово не можат да се замислат европски перспективи, членството на БиХ во ЕУ е исклучено, а празниот простор го користи Турција која го зголемува влијанието во БиХ и Македонија. 

foto AFP

Слично

Поврзани вести