ПАЃААТ КАМАТИТЕ: Што ќе се смени во проектот „Купи куќа, купи стан“
Новини во Законот за субвенции на станбен кредит.
Министерството за финансии предложи да се намалат каматните стапки.
Проектот кој беше почнат од претходната гарнитура продолжува а и опозицијата вели дека тие проекти вреди да бидат продолжени.
Она што се променува е намалувањето на каматите. Како што е соопштено ратите за првите три години ќе се намали на 2,9, наместо 3,95 отсто, како што беше досега а растат и субвенциите на 70, наместо 50 проценти за месечна рата.
„Купи куќа, купи стан“ и „Купи куќа за млади“ беа доста критикувани од актуелната власт за време на подемот на овие проекти но сепак СДСМ продолжи да ги поддржува.
Слично
