Паѓаат цените на становите: Квадрат и за 550 евра!
Просечната цена на квадратен метар за стан во нова градба во Црна Гора во четвртиот квартал минатата година изнесувала 975 евра.
Таа цена е помала од 12,5 отсто во однос на истиот период од 2015 година, покажуваат податоците на црногорскиот Завод за статистика.
Забележан е пад на цените за 7,8 отсто и во однос на третиот квартал.
Според податоците на Монстат, просечната цена на метар квадратен за стан во нова градба во четвртиот квартал во Подгорица изнесувала 1070 евра, во Бар 1500 евра, Будва 949 евра и Никшиќ 550 евра.
Слично
