Паѓа вредноста на рубљата
Повторно се намалува вредноста на руската валута. Рубљата остро падна откако е намалена контролата на капиталот. Рубљата падна на 82 во однос на доларот на отворањето на пазарот во Москва. Претходната состојба од петокот беше 71 рубља и тоа беше најсилен курс од 11 ноември.
Централната банка одлучи да ги олабави привремените мерки за контрола на капиталот, за да го ограничи намалувањето на вредноста на валутата. Во петокот, централната банка објави дека од 11 април ќе ја укине провизијата од 12 отсто за купување девизи преку посредници. Таа ќе ја укине и привремената забрана за продажба на девизни готовина на физички лица од 18 месецов. Во март валутата имаше голем пад на вредноста. Војната во Украина ќе ја погоди и руската економија.
Сепак, Украина ќе трпи поголеми штети.foto Wikipedia
