Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа трговската размена на Кина

Паѓа трговската размена на Кина

Кинескиот трговски суфицит во јуни е намален за 14 отсто односно на 27,13 милијарди долари, поради неочекуваниот пад на извозот и на увозот во втората по големина економија на светото, покажаа најновите податоци на кинеските власти.

Извозот е намален за 3,1 отсто, на 174,32 милијарди долари, а увозот паднал за 0,7 отсто односно на 147,19 милијарди долари, објави царинската управа на Кина.

Меѓу главните причини се издвојуваат „долгиот период на слаба надворешна побарувачка“, растот на извозните цени искажани во странска валута, зголемените трошоци на труд и отежнатите услови за трговија поради трговски спорови.

Во првото полугодие трговскиот суфицит сепак е значително поголем во споредба со истиот период лани, за дури 58,5 отсто и изнесуваше 107,95 милијарди долари, покажува статистичките податоци.

Кинескиот извоз во првите чест месеци порасна за 10,4 отсто, на 1.050 милијарди долари, додека увозот е зголемен за 6,7 отсто и изнесуваше 944,87 милијарди долари.

Слично

Поврзани вести