Паѓа продажната цена на индустриското производство
За 3,2% се намалиле продажните цени на производителите на индустриски производи во февруари годинава, во споредба со февруари лани, покажаа податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем пад од 4,7% има во секторот рударство и вадење камен. Цените се намалиле и во секторите Пребработувачка индустрија 3,1% и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8%.
По главни индустриски групи, намалување на годишно ниво е забележано кај цените на енергијата за 3,9%, интермедијарните производи освен енергија за 2,6%, капиталните производи за 3,8% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,6%. Единствено се зголемила цената на трајните производи за широка потрошувачка за 5,3%.
На месечно ниво, од јануари до февруари годинава, цените на индустриските производи се зголемиле минимално за 0,1%.
Слично
