Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа невработеноста во Бугарија - колкав е бројот на невработени?

Паѓа невработеноста во Бугарија - колкав е бројот на невработени?

Во соседна Бугарија паѓа невработеноста. 

Стапката на невработеност во земјата е 6.8%. 

Невработеноста во Бугарија на годишно ниво се намалила за 1,6%, покажуваат податоците на Заводот за вработување. 

Во јуни во Заводот се регистрирани 224.000 лица без работа, што е речиси 10.000 помалку отколку во мај и 50.000 помалку во однос на истиот период минатата година.

На пазарот на трудот минатиот месец имало 19.000 слободни работни места, од кои на приватниот сектор отпаѓаат 80%.

Најголем број слободни работни места има во преработувачката индустрија, трговијата, угостителството, административните и помошните дејности, и градежништвото.

Слично

Поврзани вести