Паѓа цената на нафтата
Зајакнуваат акциите на светските берзи, a нафтата поевтини.
Цените на нафтата ослабнаа во попладневното тргување во Азија, при што фјучерсите на нафтата од типот Брент се намалија за 0,52 проценти на 80,66 долари за барел, а американските фјучерси на нафтата WTI поевтинија за 0,97 проценти на 76,68 долари за барел.
Американскиот претседател Џо Бајден побара ОПЕК да го зголеми производството.
На валутните пазари, индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошницата на ривалите, изнесуваше 94.226 поени, откако неодамна порасна од нивото под 94.2 поени.
Јапонскиот јен се тргуваше по 111,41 јени за долар, зајакнувајќи малку од вчерашното ниво од над 111,6 јени.
Слично
