Пагански обичаи или не, коледарските огнови ќе изгорат илјадници евра!
Ниту сиромаштијата, а ниту загадувањето не ги предомисли дел од општините и граѓаните за традиционалното горење на огнови за Бадник. Поголемиот дел од скопските општини веќе одамна се подготвени за огновите пред големиот христијански празник Бадник, предвесник на раѓањето Христово-Божиќ. Секоја година близу 20 000 евра за неколку часа горат во пламените јазици на коледарските огнови. Стотици граѓани се топлат покрај огновите со греана ракија, чај и богата трпеза. А, има и песна!
Во општина Карпош 14 урбани заедници, вклучително и за централната прослава во Влае ќе се изгорат 70 кубици дрва. Во општина Центар ќе има огнови во скоро сите маала. И оваа година се предвидени околу шеесетина кубици за коледарските огнови, а уште толку ќе им се доделат на социјално загрозените семејства. За разлика од општините кои не се откажуваат од традиционалните адети, во Ѓорче Петров и оваа година нема да даваат дрва за горење на улиците и на јавните места, освен за црквата каде ќе се одржи централната манифестација. Огревно дрво поделиле на 15 социјално загрозени семејства. Слична практика ќе се применува општината Бутел.
Општина Аеродром години наназад троши најмногу дрва за огрев споредено со другите скопски општини. Годинава се предвидени околу 200 кубни метри кои ќе ги распоредат по месните одбори. Се на се, многу дрва, многу оган и многу пари!
Пагански обичај-рисјански пари!
Свештениците поделени во ставот околу палењето на огновите и општата веселба. Дел од нив апелираат да се напушти славењето на Бадник со големи огнови на јавни места, со веселби на кои се пие алкохол, се јаде многу месо и се слуша гласна музика бидејќи оваа традиција е паганска практика и не е во духот на Бадник, кога треба да се покаже скромност и воздржаност , и посната бадникова вечера како навестување на големиот христијански празник на Христовото раѓање, кое треба да го сплоти семејството, и полноќната божиќна литургија не смеат да бидат заменети со маалските огнови и со култот на греаната ракија. Но, други пак, сметаат дека нема ништо паганско во овој на чин на празнување. Различните ставови на свештениците ги збунија граѓаните. “Ние имаме долгогодишна традиција во маалото за палење оган и подготвување на богата трпеза како за возрасните така и за најмалите, кои неколку часа порано доаѓаат на нивната забава. Досега не се случиле инциденти, имало и многу музика, оро и стотици граѓани кои доаѓаат на прославувањето. Е, сега може и некоја чашка плус да се испие од греаната ракија, ама за циркулација, подобро да се издржи на ладното.
„Секогаш на ваквите собири имало и поп, една година и тројца беа дојдени. Некои попови велат дека ова се пагански обичаи, незнам, ама убаво е волку народ да се собере на едно место. Дали треба или не, и како треба овој обичај да се прави по правила посебни, незнам, ама ние си ја тераме онака како што се правело и пред десет години. Мора да се почитува адетот, па инаку стануваме се потуѓи”-вели жител на скопската општина Аеродром.
Во палењето на огновите нема никаков паганизам-тврди отец Томе Петковски.
Оганот е симбол на оној во пештерата каде бил роден Спасителот. Кај нас, вели отец Томе, свечено се прославува целиот настан, со богата и посна трпеза, се бира кум и свештено лице го благословува настанот.Сите искажувања дека овој настан е пагански се злонамерни и не се во духот на традицијата и радоста. Според него, ниту парите кои ги земаат поповите после благословот не се по ценовник, туку кој колку има, и тие се дарување од страна на кумот на вечерата.
“Јас сум теолог и долгогодишен свештеник и тврдам дека овде нема никаков паганизам. Едноставно со радост и свеченост се пречекува раѓањето христово. Јас сум бил на многу огнови и тоа за мене се достоинствени собирања на православните христијани кои треба да се почитуваат и подржат. Огнови во чест на раѓањето на Исус Христос се палеле уште во 3 век, од страна на првите црковни општини. И јас не одобрувам пиење ракија во големи количества, но ако се пие во умерени граници тогаш може да се дозволи. Исто е и со музиката и со играњето оро околу огновите” - вели отец Томе.
Полни раце работа за поповите, кратка литургија на огновите од 1000 до 1500 денари! Или кој колку милува?
Иако Црквата досега неколку пати излезе со став дека огновите кои се палат ноќта пред Бадник се па¬ган¬ски обичај, кој не е дел од црковното празнување на Исусовото раѓање, сепак, поповите последниве неколку години не ги одбиваат поканите да ги благословат кумовите и да го осветат лепчето на огновите. За да се појави попот на огнот, кумот на прославата треба да подготви од 1000 до 1.500 денари за кратката литургија на бадниковите огнови која е влезена во ценовник. Бидејќи скоро на секоја улица се палат огнови, математиката и не е толку лоша за оваа вечар.
Огновите, традицијата и науката!
Иако обичаите што се изведуваат на Бадник и Божик во некои детали меѓусебно се разликуваат од регион до регион па дури и од село до село, сепак во основа се изделуваат неколку заеднички елементи, како што се богатата софра, што се подготвува на Бадник навечер, коледниот оган заедно со дрвото Бадник, како и коледицата проследена со многу коледарски песни. Според Марко Китевски од Институтот за македонска литература, богатите обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“-вели Китевски.
Тој појаснува дека во христијанската религија, Божиќ не е најстариот празник, бидејќи на почетокот не се давала важност на биолошкото раѓање, туку на духовното раѓање на Исус, па потребата за славење на неговото раѓање се јавила во третиот век. “ Во барањето на датум кога тој да се празнува, светата христијанска црква решила тоа да биде денот кога во претхристијанскиот период се празнувал денот на новото сонце или на младото сонце. Тоа бил 25 декември по Грегоријанскиот, односно 7 јануари по Јулијанскиот календар, ден на кој се правеле разни обреди. Некои од нив се задржани до денеска и црквата ги има прифатено како свои, но еден дел од обичаите ги смета за пагански.
Сепак, сите нив народот ги прифатил како свои и ги одржал до денеска, па поради тоа се многу значајни и ја презентираат народната култура. Во врска со палењето на дрвото Бадник и воопшто со коледарскиот оган во науката постојат главно две теории: соларната која се заснива врз принципот на имитативната магија, која има цел да го имитира големиот извор на енергија од небото и да обезбеди доволно светлина и топлина за луѓето, но и за стоката и за билките. Примитивниот човек верувал дека на изнемоштеното сонце кое во овој период од годината најмалку е видливо на небото и неговото дејство е со најмал интензитет може да му се помогне со силни огнови од земјата. Според другата исцелителна или очистувачка теорија огновите не се во врска со сонцето, туку со верувањето дека со нив можат да се изгорат сите штетни влијанија било тие да се од природен или од демонски карактер (болви, вошки, змии, но и болести, вештици, караконџули”-потенцира професорот Марко Китевски.
Небо во чад!
Иако дел од граѓаните сметаат дека за бадниковиот оган непотребно се трошат огромни количества дрва како ресурс за добивање топлинска енергија, а засиленото загадување дополнително ќе ги угуши граѓаните, вечерва неколку часа ќе заборават на пресметките. Владата пред една недела ја повлече забраната според која беше препорачано да не се користи огревно дрво, кое најмногу придонело за загадување на воздухот во државава, откако скоро цел месец граѓаните се гушеа во магла, чад и смог. Утре пак продолжува славењето. Со бадникова химна и подигање на новото бадникарско знаме пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ ќе се одржи 22-то традицонално скопско бадникување. Поглаварот на Македонската православна црква Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, ќе му го предаде бадниковиот ќуп на новиот кум-Методија Стефановски-Тоде. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.
С.Б.

Слично