Паѓањето на цените на нафтата се добра вест за економиите
Паѓањето на цените на нафтата се благодат за мачната глобална економија, која може да добие поттик од нив, смета Меѓународниот монетарен фонд.
За шефот на ММФ Кристин Лагард ова е добра вест за светската енономија. Според Лагард драстичното поевтинување на нафтата е поволно за големите економии и ќе го поттикне растот на глобален план, пишува WSJ.
По одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ги зачува сегашните граници на родот и покрај повиците за намалување на производството, цените на нафтата паднаа минатата недела. Од ниските цени на нафтата ќе искористат пред сè корисници кои треба да трошат помалку пари за бензин. Тие сепак ги ставаат под притисок енергетските концерни и се закануваат да ја нарушат рамнотежата во националните финансии на големи производители на нафта како Русија и Венецуела.
"Поевтинувањето од 30% би требало да се изрази во дополнителни 0,8 проценти раст во повеќето развиени економии, сите увознички на нафта, и можеби 0,6% за САД, додаде Лагард.
Пониските енергетски цени ќе го забрзаат според Лагард економскиот раст на САД до годишна стапка од 3,5%. Во октомври ММФ предвидува дека економскиот раст на земјата ќе достигне 3,1%.
Сепак голем број други економии ќе продолжат да се развиваат побавно. Се состои од 18 членки, еврозоната продолжува да страда од високата невработеност, колебливите корисници и слабиот раст.
Од новите пазари, исто така дојде први сигнали на слабост. Бруто домашниот производ на Кина се зголеми во текот на третиот квартал во споредба со претходната година со 7,3% - најслабиот раст од пет години. Темпото на раст на Индија се забави меѓу вториот и третиот квартал од 5,7% до 5,3%.
Според Лагард сепак и Европа ќе има полза од пониските цени на нафтата. Таа смета дека еврозоната ризикува да западне во "нова просечност". Со тоа таа ја има во предвид економијата, која се карактеризира со низок раст, ниска инфлација и висока невработеност.
Како можно решение Лагард им нуди на политичарите во Европа да преземат реформи на пазарот на трудот, кои го поттикнуваат вработувањето. Таа, исто така нуди спроведување на агресивна и иновативна монетарна политика и голем број структурни реформи.
Јапонија, од своја страна, треба да го отвори пошироко својот пазар на труд за жените и имигрантите, изјави Лагард.
Истовремено таа призна дека земјите извознички на нафта го трпат влијанието на поевтинувањето.
"Има победници и губитници, и извозниците на нафта ќе бидат погодени", изјави уште Лагард. Таа смета дека ниските цени на нафтата ќе ја направат руската економија уште по нестабилна и ранлива.
Нафтата и гасот обезбедуваат 68 проценти од рускиот извоз и околу 50 проценти од федералниот буџет. Русија веќе изгубила речиси 90 милијарди долари од своите девизни резерви во текот на оваа година, што е еквивалентно на 4,5% од економијата на земјата, бидејќи Москва се обиде да ја заштити рубљата од колапс, откако западните земји воведоа санкции поради руската интервенција во конфликтот во Украина. Рубљата загуби околу 35% во однос на доларот од јуни наваму.
К.К.
Слично
