Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓаат производните цени на индустриските производи за странство

Паѓаат производните цени на индустриските производи за странство
За 0,3% паднаа продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во ноември минатата година, споредено со истиот период лани. Податоците од Државниот завод за статистика пак, покажуваат дека на месечно ниво, овие цени бележат раст од 2,3%. За 15,8% се зголемија продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во рударството и вадење на камен на годишно ниво. Во преработувачката индустрија пак, овие цени паднаа за 1,7% во ноември 2012 година, споредено со истиот период лани. Анализирано по квартали, во првите девет месеци од минатата година и кај рударството и кај преработувачката индустрија овие цени се намалија за 2%, односно за 2,1%. Табела: Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, ноември 2012 Извор: Државен Завод за статистика
Слично

Поврзани вести