Економија, финансии, бизнис

Контакт

Обновено: Паднаа сите приговори за Центар во ДИК, Жерновски седнува на фотелјата на Тодоровиќ!

Обновено: Паднаа сите приговори за Центар во ДИК, Жерновски седнува на фотелјата на Тодоровиќ!
Државната изборна комисија ги отфрли сите приговори за вториот круг на локалните избори во Центар. Приговорите главно се однесуваа на нарушување на тајноста на гласањето и агитирање, како и за евидентирање на лични податоци на гласачите од страна на овластените претставници на политичките партии. Седницата започна со еден час задоцнување, а ДИК засега не прифати ниту еден приговор за гласањето во вториот круг поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 60 приговори за општина Центар, а седницата минуваше во заострена атмосфера и жестоки расправии. Со овој развој на настаните, Жерновски и дефинитивно е новиот градоначалник на Центар. По приговорите за Центар, ДИК ги разгледува 17-те приговори на ВМРО-ДПМНЕ за Струга., а како последни се оставени 252 приговори на СДСМ за повеќе општини и град Скопје.
Слично

Поврзани вести