Паѓаат платите во регионот, како е во Македонија?
Според анализата која ја објави РТВ Црна Гора, најновите податоци покажуваат дека просечните плати во регионот бележат пад.
Најмногу заработките паднале во Словенија и Србија а најмалку или не забележале пад платите во Македноија.
Августовските податоци покажуваат пад на просечната плата во Словенија за 12,25 евра или на 995,85 евра, со што отишла под „магичната граница“ од илјада евра за разлика од март кога била 1.008,10 евра.
Во Србија според податоците од септември просечната плата била помала од онаа која е исплатена во април и изнесува 365,20 евра, а во април изнесувала 376.15 евра.
Просечните плати паднале и во Хрватска и БиХ и во Црна Гора.
Податоците велат дека во Хрватска платите паднале за 5,68, во БиХ е забележан пад од 3,10 евра , додека во Црна Гора просечната плата е помала за едно евро.
И покрај растот на просечната плата кај нас од 11,38 евра и понатаму сме на последното место по висина на просечна плата во споредба со соседите.
Анализата покажала дека во јули Македонецот во просек примил 362,37 евра, а во март тој износ бил 350,99 евра.
