Паѓа продажбата на нови автомобили во ЕУ
Продажбата на нови автомобили во Европската унија во септември паѓа веќе дванаесети месец по ред, според водечките производители на автомобили, стои во извештајот на Асоцијацијата на Европски автомобилски произвдители.
Производителите на автомобили во ЕУ во септември запишале 1,1 милиони нови регистрации, додека ово првите девет месеци од годинава продадени се 9,4 милиони нови автомобили.
Побарувачка во 27 –те земји членки на Европската унија во однос на претходната година се намали за 10,8 отсто, што е на највисоко ниво во последните 12 месеци.
Од водечките пазари, раст на продажбата беше забележан во Велика Британија, за 8,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година, според податоците од Асоцијацијата на Европски автомобилски производители ( ACEA).
Во Германија, најголемата економија во еврозоната и еден од најголемите производители на автомобили во светот, продажбата се намали за 10,9 проценти.
Продажбата во Франција падна за 17,9 отсто, во Италија 25,7 отсто, а во Шпанија за 36,8 отсто.
Слично
