Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паѓа наталитетот во Јапонија

Паѓа наталитетот во Јапонија
Последниот попис од 2015 година потврди дека во Јапонија бројот на жители се намалува. Населението во Јапонија изнесуваше 127,1 милиони минатата есен, што е намалување за 0,7 отсто во однос на 128,1 милиони  во 2010 година. Регистрирано е опаѓање на населението во последните пет години, покажуваат статистиките. Една жена во просек раѓа по 1.4 деца и Владата презема мерки за стимулирање на наталитетот, преку поголема грижа за децата, подобри услови за работа на жените, подобра здравствена заштита и слично. Ако трендот на слаб наталитет и миграцијата продолжат, се очекува до 2050 година Јапонија да има 108 милиони луѓе, а до 2060 година бројот ќе изнесува 87 милиони. Пописот покажа дека населението во Токио се зголемило на 13,5 милиони, што е за 2,7 отсто повеќе од пописот во 2010 година. Ова се должи на миграцијата од помалите места кон Токио во потрага по работа.
Слично

Поврзани вести