Паѓа британската Фунта, кој ќе формира влада во Велика Британија?
Британската валута фунта забележа пад на вредноста во однос на американскиот долар на светските финансиски берзи, како последица на неизвесниот резултат од парламентарни избори во Велика Британија.
Ова е најголемо намалување на вредноста на фунтата кон доларот во последните пет години.
Падот на фунтата дојде истовреме со дебатата на лидерите на седум британски политички партии. Тие беа учесници на првата телевизиска дебата пред парламентарните избори кои се закажани за 7 мај.
Главната расправа се водеше околу политиката за скратување на буџетската потрошувачка, што ја одбележи работата на досегашната коалициона влада.
Инаку, реакцијата на финансиските пазари се објаснува токму со стравувањето на берзанските експерти од исходот на изборите како и од можноста Велика Британија да добие „слаба и неефикасна“ влада.
Слично
