Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падот не запира, нафтата уште поефтина!

Падот не запира, нафтата уште поефтина!

Цените на нафта во Азија продолжија да паѓаат , приближувајќи се на ниво од 27 долари за барел.

Новиот пад на цените дојде после предупредувањето на Меѓународната агенција дека глобалниот пазар на нафта е преплавен со залихи.

Американската „лесна“ нафта WTI за испораки во февруари во еден момент утрово паднала на 27,49 долари за барел, ниво кое последен пат е видено во септември 2003, за да нешто подоцна се опорави на 27,55 долари за барел. Истовремено нафтата од типот „брент“ за испорака во март, која во понеделникот накратко паднала под 28долари за барел, поефтинила за 63 центи, на 28,13 долари за барел. И двата вида на нафта се на најниско ниво за повеќе од 12 години.

Извештајот на МАЕ одигра голема улога во падот на цената на нафтата, сметаат аналитичари.

МАЕ вчера предупреди дека цените на нафтата ќе продолжат да паѓаат, бидејќи прекумерните залихи ја надминуваат побарувачката, додека враќањето на иранската нафта на пазарот ќе неутрализира било какво намалување на производството во другите земји произведувачи.

Цените на нафтата од средината на 2014 изгубиле околу 75 одсто од вредноста, погодени од прекумерните залихи, слабата побарувачка, забавениот раст на глобалната економија и силниот долар.

Слично

Поврзани вести