Падот на невработеноста се должи на вработувањата во Јавната администрација?
Статистичките податоци за намалувањето на невработеноста се незначителни и не знчат дека пазарот на труд почнува да се раздвижува, коментираат бизнисмените и експертите. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава изнесува 28,2 проценти, што е за 0,2 процентни поени помалку од претходниот квартал а 0, 6 процентни поени помалку од истиот период лани. Дали ваквите показатели се знак дека невработеноста почнува да се намалува? Дел од бизнисмените сметаат дека државата и натаму останува најголемиот работодавач, а политките за вработување се краткорочни.
За жал државата сеуште е најголемиот работодавец, и јавната администрација е таа која ги апсорбира новите вработувања. Така што ваквото намалување на невработеноста не треба да се земе како предизвик, а приватниот сектор апсорбира колку што може, колку што му се можностите и не може да се каже дека приватниот сектор апсорбира повеќе од вработените. Единственото решение за приватниот сектор е да се спроведат одредени развојни програми, да се укинат законите кои се донесоа во последниот период, како Законот за ДДВ, Законот за финансиска дициплина. Малите фирми се осудени на пропаст од новите законски решенија за даночните обврзници, бидејќи тие и сега не работат ликвидно. Точно дека дека Владата спроведува мерките за намалување на невработеноста, но се тоа е контрадикторно. Од една страна мерки, субвенции за работодавците, од друга страна нови закони кои се на наша директна штета, кои не оптеретуваат со нови давачки. Од друга страна ние имаме проблем со стручни кадари, на пазарот на труд има недостиг од одредени стручни кадри кои нас ни се потребни, а има огромен број на пример на правници и економисти, вели Арбен Халили од Стопанската комора на Северозападна Македонија.Според експертите загрижува фактот и што и натаму се продлабочува стапката на невработеност кај младите, жените и лицата со високо образование. Иако невработеноста е намалена, сепак стапката е акутна и над европскиот просек, велат експертите. Посочуваат дека генератор на раздвижување на пазарот на труд според треба да биде приватниот сектор. Владата спроевдува политики за намалување на невработеноста, од субвенции за работодавците до мерки за самовработување и за вработување на млади лица. Колку овие владини мерки влијаат врз намалувањето на наевработеноста?
- Анкетата за работна сила покажува незначителен пад на невработеноста за 0,6 процентни поени што не е доволно за да може да говориме за некакво поголемо раздвижување на пазарот на труд. Она што сеуште загрижува е што и понатаму имаме висока стапка на невработеност кај младата популација, се ззголемува невработеноста кај жените и кај оние со високо образование. Младите луѓе како и останатиот дел од популацијата сакаат за себе да обезбедат подобар животен стандард, во моментот можеби гледајќи кои се просечните минимални плати , веројатно за нив тоа е демотивирачки фактор и затоа се одлучуваат својата среќа да ја параат во странство. Добро е што имаме постојано мерки за подобрување на состојбите на пазарот на трудот , но конкуренцијата на пазарот е немлосрдан и во услови кога имаме голем дел од високо квалификувана работна сила која сеуште е невработена и не можат да се снајдат на пазарот на труд тогаш поддршката навистина е краткорочна,значи кога ќе завршат тие субвенции, тие мерки да бидат краткорочни. Во секторот јавна администрација во второто тримесечје годинава споредено со лани истиот период, има зголемување за 3,5 проценти , има и во приватниот сектор раздвижување но сето тоа е недоволно, вели проф. д-р Маја Геровска од Филозофскиот факултет при универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.Според податоците од статистика стапката на невработеност кај најмладите лица на возраст меѓу 15 и 24 години е и највисока, 55,2 отсто. По нив се оние на возраст меѓу 25 и 49 години каде што невработеноста изнесува 27,2 процента. Кај мажите е регистриран пад за околу 5 отсто,а за исто толку кај жените е регистрирано зголемување на невработеноста. Податоците од Агенцијата за вработување покажуваат дека во мометов на пазарот на труд има 6.719 слободни работни места. Најмногу слободни работни места има во Скопје 3.381, потоа Кавадраци, Штип, Охрид, Гевгелија, Битола, а најмалку во Кратово само и во Свети Николе каде има само едно слободно работно место. Податоците од АВРМ покажуваат дека во јули активно барале работа 97.838 лица, а како пасивни баратели на работа истиот месец се регистрирани 116.076 лица. Споредено со оние кои активно бараат работа, значи дека за едно работно место во приватниот сектор се борат околу 15 невработени лица. По сектори, во преработувачката индустрија има најмногу слободни места 2.346, следува трговијата, градежништвото, хотелиерството и кафулињата, стручни и научни технички дејности. Според податоците од АВРМ најбарни занимања на пазарот на труд се продавачи, келнери, шивачи, работници во производство, магационери, касиери, градежни работници и други. Од висококвалификуваните кадри и натаму најбарани занимања се градежните инженери и прогармерите. С.Т.
Слично
