Падот на еврото ја повлече и цената на нафтатa
Терминските цени на нафтата во текот на денешното тргување во Азија се намалија поради падот на еврото предизвикан од случувањата во Грција.
Цената на барел американска светла нафта (WTI) на берзата во њујорк за испорака во март поевтини за 32 центи на 48,41 долар, додека барел североморска нафта од типот „брент“ за мартовската испорака на пазарите во Лондон поевтини за 16 центи на 54.03 долари, пренесува агенцијата Франц прес.
Падот на вредноста на еврото придонесува цената на нафтата во долари да биде повисока со што се создава додатен притисок на цената на нафтата, која од јуни минатата година се преполови.
Слично
