Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНАТИ ДРВЈА, ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ, ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: Поплави ја погодија Грција

ПАДНАТИ ДРВЈА, ПОПЛАВЕНИ ДОМОВИ, ПРЕКИНИ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА: Поплави ја погодија Грција

Поплави има и во соседна Грција. Обилните дождови предизвикаа поплави во Солун и на Халкидики. 

Во регионот Муданија нема струја. Противпожарната служба примила повеќе од 300 итни повици низ северна Грција, за испумпување на вода, отстранување на дрвја и за транспорт на луѓе на безбедно. Поплавени се и неколку патишта во регионот, поради што е блокиран сообраќајот.

Градоначалникот на Касторија, Јанис Коренџидис, бара прогласување вонредна состојба во неговиот град.

Национална метеоролошка служба предупреди дека денеска се очекува дождот и невреме со грмежи и можна појава на град во повеќето области на Грција, како и на островите. 

Во регионот поплави има во Србија. Во близина на Чачак се урна мост. 

Поради обилните дождови, оштетен е мост во селото Боровци во Бугарија. 

И во Македонија во повеќе општини има излевање на реки. 

Слично

Поврзани вести