Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пад на потрошувачката на струја во јануари

Пад на потрошувачката на струја во јануари

Бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија во јануари годинава во Македонија изнесуваше 892.781 мегават часови, што во споредба со истиот месец од претходната година е пад за 8,95 отсто, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).

Притоа во бруто-домашната потрошувачка нето-увозот учествува со 26,72, а бруто-домашното производство со 73,28 отсто. Вкупниот увоз, пак, на природен гас во земјава во јануари годинава изнесуваше 32,262 милиони нормални метри кубни, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пораст од 14,83 отсто.

Најголема потрошувачка на природен гас од 89,23 отсто е забележана за енергетски трансформации, додека за финална потрошувачка остануваат 10,44 отсто од вкупно расположливиот природен гас, посочуваат од ДЗС.

Слично

Поврзани вести