Економија, финансии, бизнис

Контакт

Паднаа залихите во САД, нафтата околу 50 долари!

Паднаа залихите во САД, нафтата околу 50 долари!

Терминските цени на нафтата благо се опоравуваат, како последица на големиот пад во американските залихи на нафта, што укажува на силна побарувачка во најголемата светска економија.

Барелот на американската „лесна“ нафта (WTI) за испорака во февруари поскапе на меркантилната берза во Њујорк од 38 на 49,03 долари, додека барелот на северноморската нафта од типот „брент“ за февруарската испорака на пазарот во Лондон поскапе од 27 центи на 51,42 долари, пренесува агенцијата Франс прес.

Цената на тексашката нафта (WTI) вчера на кратко падна под 50 долари, прв пат од 2009 година.

На најновиот скок на цената на нафтата, според оценките на аналитичарите, допринеле податоците кои укажале на падот на американските залихи во неделата заклучно со 2 јануари за  3,1 милион барели на 382,4 милиони.

„Знаејќи дека американските залихи биле пониски од очекуваните, се надеваме дека барем во текот на овонеделното тргување со цената на нафтата ќе останат стабилни, односно околу психолошката граница од 50 долари“, изјавил инвестициониот аналитичар на сингапурската компанија „Филип фјучрс“, Даниел Анг.

Слично

Поврзани вести