Паднаа каматите за кредити, ќе паѓаат ли и цените на становите?
Каматите за станбените кредити почнаа да паѓаат. Изминативе денови најголемите банки во земјава објавија пад на каматите на 2, 9 до 3 отсто за првите три години и до 7 отсто за остатокот од отплатата на кредитот.
Намалувањето на каматите би можело да го раздвижи пазарот на недвижнини, кој со години е во стагнација. Малку се купува, малку се продава, а и натаму многу се гради. Сето ова создава услови за благ пад на цените на становите, сметаат познавачите.
Пониските камати се резултат и на проектот „Купи куќа, купи стан“ преку кој Владата субвенционира дел од ратата или од учеството. Засега на овој начин 350 семејства го решиле станбеното прашање, вкупната државна поддршка надминала 2.5 милиони евра.
Што понудија банките?
Во својата јубилејна година, Стопанска банка Скопје започна нова, промотивна понуда на пазарот на станбени кредити. За сите поднесени барања за станбен кредит во периодот од 03.11. до 31.01.2015 година, се добива промотивна каматна стапка од 3% во првите три години, што претставува исклучителна можност за сите оние кои размислуваат за станбен кредит.
Почнувајќи од 18.11.2014 година, Комерцијална банка започна со понуда на поволен станбен кредит со ЕУР клаузула со промотивна каматна стапка од 2,9% годишна, фиксна за првите 3 години и 6,85% годишна, променлива за остатокот на период на отплата на кредитот.Промотивниот период ќе трае до 31.03.2015 година. Паралелно со оваа промоција , Банката продолжува да го нуди и станбениот кредит со ЕУР клаузула со каматна стапка од 4.85% годишна, фиксна за првите 5 години и 6,65% годишна, променлива за остаток на период на отплата на кредитот, а изборот зависи од потребите и желбите на клиентот.
Уни банка пак понуди кредит со камата 4,44% фиксна за првите четири години и 6,50% променлива за останат период за клиенти со плата преку УНИБанка.
НЛБ Тутунска банка воведе нов станбен кредит со поповолни услови и каматна стапка од 5% фиксна за првите пет години на користење на кредитот.
Слично
