Паднаа каматите, порасна побарувачката по станбени кредити!
Дел од големите банки во земјава изминатиот период на граѓаните им понудија пониски каматни стапки за станбените кредити. Дел од банките понудија каматни стапки за станбените кредити до 3% , а ваквиот потег на банките од владата го објаснуваат како резултат на проектот „Купи куќа - купи стан“, каде становите се нудат со каматна стапка од 3,9% за првите три години и 4,44% за четвртата и петта година.
Според податоците на НБРМ, во првите три квартали од годинава просечната каматна стапка за новоодобрените станбени кредити што ја нудат банките изнесува 5,2%.
Анализата на податоците покажува дека изминатите години забележан е пад на каматните стапки за станбените кредити. Односно, просечната каматна стапка на вкупните станбени кредити до крајот на септември годинава изнесувала 6,3% и има благо намалување во однос на цела 2013 година кога каматната стапка за станбените кредити изнесувала 6,5%. Во 2012 година пак каматните стапки изнесувале 7,2%, а во 2011 година и во 2010 година просечните каматни стапки за станбените кредити изнесувале 7,5%.
До крајот на септември годинава банките на граѓаните им одобриле вкупна сума на станбени кредити во износ од 25,3 милијарди денари и е забележан раст од околу 15% во однос на вкупната сума на одобрени станбени кредити минатата година во истиот период.
Според анализата на податоците, речиси секоја година има раст на вкупната сума на одобрени кредити.
Односно, во 2013 година била одобрена сума на станбени кредити во износ од 23 милијарди денари. Тоа е за 2,2 милијарди денари или за 9,8% повеќе од 2012 година.
Во 2012 година пак биле одобрени 20,5 милијарди денари станбени кредити . Тоа е 2,5 милијарди денари или 13,1% повеќе од 2011 година.
Во 2011 година биле одобрени 19,2 милијарди денари станбени кредити, што е 1,3 милијарди денари или 7,7% повеќе од 2010 година.
Во 2010 година банките одобриле станбени кредити во износ од 16,9 милијарди денари. Тоа е 2,1 милијарди денари или 14,8% повеќе од 2009 година кога биле одобрени станбени кредити во износ од 14,7 милијарди денари.
Одобрени станбени кредити по години
· 2009 година 14,7 милијарди денари
· 2010 година 16,9 милијарди денари
· 2011 година 19,2 милијарди денари
· 2012 година 20,5 милијарди денари
· 2013 година 23,0 милијарди денари
· 2014 година 25,3 милијарди денари
Бројките покажуваат раст на учеството на станбените кредити во вкупните кредити на населението низ годините. Односно, според податоците на НБРМ, годинава до крајот на септември учеството на станбените кредити во вкупните кредити на домаќинствата изнесува 25,2%, и е приближно колку и лани, кога за цела 2013 година овој процент изнесувал 25,1%.
Во 2012 и 2011 година учеството на станбените кредити во вкупните кредити на домаќинствата изнесува 24,8% и, додека во 2010 година изнесува 23,6%. А во 2009 година учеството на станбените кредити во вкупмните кредити на населението изнесува 21,8%.
Сепак, податоците на НБРМ покажуваат дека е зголемена просечната рочност на отплата на која се земаат станбените кредити. Па така, до крајот на септемрви годинава граѓаните во просек ги земале кредитите со рок на отплата од 15,3 години, додека лани ги земале со рок на отплата од 15 години. Во 2012 година просечниот рок на отплата на кој се земале кредитите бил 14,8 години а во 2011 година изнесува 14,4 години. Додека пак во 2009 година просечниот рок на отплата во кој се земале станбените кредити изнесувал 14,6 години.
Нефункционални станбени кредити
Изминатите шест години нефункционалните станбени кредити во вкупните нефункционални кредити учествуват во просек од 3,1% до 3,9%.
Според податоците на НБРМ, до крајот на септември годинава, нефункционалните станбени кредити во вкупните нефункционални кредити учествуваат со 3,2%. Овој процент е нешто повисок во однос на претходините две години. Односно, во 2013 и 2012 година нефункционалните станбени кредити учествуваат со 3,1% во вкупните нефункционални кредити.
Во 2013 година тој процент изнесува 3,4% , а нефункционалните станбени кредити највисоко учество од 3,9% во вкупните нефункционални кредити имаат во 2010 година. Во 2009 година пак учеството на нефункционалните станбени кредити е 3,6% во вкупните нефункционални кредити.
Учество на нефункционалните станбени кредити во вкупните нефункционални кредити
· 2009 година 3,6%
· 2010 година 3,9%
· 2011 година 3,4%
· 2012 година 3,1%
· 2013 година 3,1%
· 2014 година 3,2%
На крајот на септември годинава вкупните кредити на домаќинставата во вкупните нефункционални кредити учествуваат со 6,0%, во 2013 година изнесува 6,4%, и е приближно исто колку и лани односно 6,4%. Во 2012 година вкупните кредити на домаќинствата во вкупните нефункционални кредити учествувале со 7,1% а во 2011 година со 7,5%, ВО 2010 година учествувале со 8,1% а во 2009 година со 8,2%.
Слично
