ПАДНА ЗАБРАНА СТАРА 4 ДЕЦЕНИИ: САД ќе извезуваат нафта!
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои федералниот буџет од 1100 милијарди долари.
Со тоа е овозможена работата на владините агенции, нивното финансирање до септември 2016 и укината е 40 годишната забрана на извоз на американска сирова нафта.
После „зеленото светло“ на Претставничкиот дом, законот за буџет се праќа на Сенатот, во кој лидерите на демократи и републиканци веќе се договориле да го спојат со пакетот на даночни олеснувања, усвоени во четвртокот.
Сенатот ќе гласа и за буџетот за 2016 година додека од Белата куќа е соопштено дека претседателот на САД Барак Обама ќе потпиша закон за буџетот, пренесуваат светските агенции.
Слично
