Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна вредноста на еврото, се тргува за 0,9952 долари

Падна вредноста на еврото, се тргува за 0,9952 долари

Се намалува вредноста на европската валута. Еврото денеска падна под еден долар. 

Еврото се тргува на ниво од 0,9952 долари.  Европската валута е на 20-годишен минумум. Загриженоста поради енергетската криза и политичките превирања во Италија ја намали побарувачката за единствената валута, а вредноста на доларот зајакна поради очекувањата за агресивно зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви (ФЕД). Еврото потона на 0,99520 долари, што е најниско ниво од декември 2002 година. Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на зелената банкнота во однос на кошницата од шест главни валути, скокна на 109,29 поени, највисоко ниво од септември 2002 година, објави „Ројтерс“.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести