Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна вредноста на биткоинот

Падна вредноста на биткоинот

Се намали вредноста на биткоинот. 

Оваа криптовалута во последните 24 часа повторно доживеа пад. Неговата вредност денес се движи нeшто над 36.400 долари. Најпознатата дигитална паричка се урна во четвртокот, кога изгуби дури 17 отсто од својата вредност по твитот на Илон Маск. Сопственикот на „Тесла“ и самопрогласениот „техно крал“ тогаш на Твитер објави дека неговата компанија престанала да прифаќа биткоин за набавка на своите возила. Тоа го сторил од еколошки причини. Пазарната капитализација на биткоинот е сè уште под трилион долари и во моментов е околу 920 милијарди. Продажбата на биткоин, која почна во средината на минатата недела, продолжи за  викендот, откако властите во Кина и САД објавија дека ќе започнат со заострување на прописите и усогласување на даноците за криптовалутите.

Слично

Поврзани вести