ПАДНА ВО ВОДА: Законот за цензура на „бомбите“ е повлечен!
Потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска пред малку на својот ФБ профил напиша дека законот кој предвидуваше мораториум на „бомбите“ е повлечен.
Предлог-законот со кој се бараше забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, вечерва е повлечен од страна на неговите предлагачи пратениците Талат Џафери и Крсто Муковски во службите на законодавниот дом како што можете да забележите во документот подолу.
Законот беше предложен вчера, но веднаш по ширењето во јавноста се појавија остри реакции пред се од новинарската фела кои го толкуваат како глупав потег за бетонирање на цензурата.
По повод предлог законот вечерва пред Собранието на РМ се одржа мирен протест на кој беа пуштани опозициски бомби.

