„Падна“ владин функционер кој земал поткуп за субвенции
Владин функционер, вработен во Агенцијата за поддршка на земјоделството, е уапсен под сомнение дека примал мито за да дели субвенции на земјоделци, се дознава неофицијално од полициски извори.
Според сомненијата на полицијата, функционерот земал пари за да одобри субвенции кои ионака им следувале на земјоделците. МВР за денеска најави пресконференција на која ќе обелодени случај на корупција, но без да прецизира дали се работи за истиот случај.
Во акцијата „Тера“ полицијата претходно уапси седум лица, меѓу кои и земјоделски инспектор, под сомнение дека вршеле злоупотреби на субвенции.
Слично
