Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ТВИТЕР - корисниците наидоа на празна почетна страница

ПАДНА ТВИТЕР - корисниците наидоа на празна почетна страница

Корисниците ширум светот пријавуваат проблеми со социјалната мрежа Твитер.

Твитер е во прекин, објавија илјадници корисници на оваа социјална мрежа ширум светот.

Според веб-страницата Downdetector, најмногу пријавени проблеми се вчитувањето на почетната страница и твитовите.

Исто така, некои не можат да испраќаат или примаат пораки.

Повеќето од корисниците во последните половина час наоѓаат празна почетна страница, со порака: „Добре дојдовте на Твитер“, по што не може повторно да се вчита.

Засега никој не се огласил за овие проблеми, а не се знае кога ќе се санираат.

Фото: ЕПА

Слично

Поврзани вести