Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПАДНА ПРЕСУДА: Чауш осуден на две и пол години затвор

ПАДНА ПРЕСУДА: Чауш осуден на две и пол години затвор

2 години и шест месеци затвор и парична казна од 123.000 денари е денешниот исход од пресудата на Судот со која се соочи Захир Бекири Чауш.

Неговиот брат пак Имер е осуден на една година затвор и 61.500 денари за случајот „Лажни лични карти“.

Освен затворската пресуда на двајцата им е укинат притоворот, што значи дека се до правосилност на пресудата, тие се пуштени на слобода.

Во текот на вчерашното рочиште кога се даваа последните завршни зборови за судењето за случајот „Фабрика за афери“ Захир Бекири – Чауш побара ослободителна пресуда и уште еднаш го потврди ставот дека пронајдените податоци во компјутер му се подметнати .

Тој во завршната главна расправа обвини дека највисокото раководство на МВР ја конструирало аферата затоа што на лице кое живее во Струмица, Мајкал Цивиќ, не сакал да му помогне да замине во Ирак да го шири шиизмот.

Од обвинителството пак ги побиваат тврдењата дека податоците во компјутерите одземени при претресот биле менувани а во писмената изјава на надлежниот јавен обвинител Наташа Гоџоска стои дека  во текот на целата кривична постапка се потврдиле сите наводи од обвинителниот предлог против двајцата обвинети.

Доказите изведени во текот на главната расправа неспорно ја потврдија основаноста на поднесениот Обвинителен предлог, а со тоа и кривичната одговорност на обвинетите Захир и Имер Беќири за кривичните дела, за кои се товарат со ова обвинение, наведувајќи дека  кривичната одговорност на обвинетите е утврдена со материјалните докази: Записници за претрес, Потврди за привремено одземените предмети, Вештачењата и споредбените анализи- извештаи изработени од МВР на РМ, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и Одделот за криминалистичка техника и испитувања, голем број на Известувања за извршени проверки, како и со јасните и недвосмислени искази на сведоците и вештаците со кои се  надополни во целост фактичката состојба.

Слично

Поврзани вести