Економија, финансии, бизнис

Контакт

Падна оставка во Грција поради пожарите

Падна оставка во Грција поради пожарите

Оставка поднесе министерот за јавен ред во Грција, Никос Тоскас по катастрофалните пожари во регионот Атика.

Оставката ја прифати грчкиот премиер, Алексис Ципрас. 

Тоскас повторно понуди оставка,  откако тоа го направи минатата недела, кога беше прогласено завршување на вонредната состојба воведена поради катастрофалните пожари во близина на Атина.

Функцијата на Тоскас ќе ја преземе министерот за внатрешни работи Панос Скурлетис, стои во соопштението од кабинетот на Ципрас.

Тоскас беше под притисок на јавноста да поднесе оставка откако во големите пожари загинаа над 90 луѓе. 

Слично

Поврзани вести